Ги користите редовно: Ја знаете ли разликата меѓу антиперспирант и дезодоранс?

од desk4

Главната задача на антиперспирантите и дезодорансите е да ја неутрализираат евентуалната непријатна миризба на пот, но и да придонесат за намалено потење под пазувите. Луѓето често погрешно ги едначат овие два различни производа.

Дезодорансите делуваат за отстранување на миризбите под пазувите, но не и против потењето и обично се базираат на алкохол. Кога се нанесува, создава неповолна средина за размножување на бактериите. Исто така, дезодорансите најчесто се парфимирани.

Активните состојки на антиперспирантите обично вклучуваат соединенија кои привремено ги блокираат порите. Блокирањето на порите ја намалува количината на пот што излегува низ вашата кожа.

Зошто се добри?

Постојат две главни причини за употреба на дезодоранс и антиперспирант: тие ја намалуваат влажноста на кожата и мирисот.

Потта е многу важна за нашето тело бидејќи е механизам што ни помага да се ослободиме од затопленоста. Пазувите имаат многу поголема густина на потните жлезди од другите делови на телото. Некои луѓе сакаат да го намалат потењето, бидејќи тоа може да остави траги на облеката. Честопати најголемиот проблем е непријатниот мирис, но самата пот нема силен мирис. Всушност, бактериите на кожата ја разградуваат потта и создаваат непријатна миризба. Влагата и топлината се идеални средини за бактерии.

Антиперспиранти и карцином на дојка

Соединенијата базирани на алуминиум во антиперспирантите спречуваат потта да излезе на површината на кожата со блокирање на потните жлезди. Постои општа загриженост дека кожата ги апсорбира овие алуминиумски соединенија и се често се поставува прашањето дали може да влијае на естрогенските рецептори на клетките на дојката.

Сепак, според Американското здружение за рак, не постои јасна врска помеѓу ракот на дојка и алуминиумските соединенија кај антиперспирантите, бидејќи испитувањата покажале дека пациентите со карцином на дојка немаат повеќе алуминиум од здравите луѓе во телото.

Слични содржини