Велика Британија ќе треба да ги зголеми даноците и да ги скрати трошоците за да се справи со економскиот предизвик на Брекзит, изјави министерот за финансии Џорџ Озборн, цитиран од агенцијата “Ројтерс”.

zx450y250_2785613

“Ќе треба да ја гарантираме финансиска сигурност на луѓето, ќе треба да покажеме дека владата може да се справи со вашите средства”, изјави тој за ББС. На прашањето дали тоа значи дека даноците ќе бидат зголемени, а трошоците – намалени, Озборн возврати “Категорично да”.

Во моментов сме во долг период на приспособување кон животот надвор од ЕУ и економски гледано, тој нема да е толку убав, колку животот во ЕУ, истакна тој.

Озборн ја отфрли можноста да го наследи премиерот Дејвид Камерон, кој поднесе оставка откако Британците избраа за Брекзит на референдумот минатиот четврток.

“Не е типично за мене да дејствувам со половина срце и се борев за останување во ЕУ со сите средства. Верував во оваа кауза и се борев цврсто за неа”, пишува Озборн во написот во “Тајмс”. “Иако го прифаќам резултатот, не сум човекот кој може да ја обедини партијата во овој момент.”

Пред референдумот Озборн беше сметан за евентуален иден лидер на ториевците. Сега тој размислува да го поддржи поранешниот градоначалник на Лондон и лидер на кампањата за излез од ЕУ Борис Џонсон во замена за тоа да ја преземе функцијата на министер за надворешни работи, пишува “Тајмс”. За наследници на Камерон се споменуваат уште министерот за здравство Џереми Хант и министерот за внатрешни работи Тереза ​​Меј.

Слични содржини