Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ без борба се пласира во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс откако неговиот ривал во четвртфиналето Бернард Томиќ поради повреда го предаде мечот. Негов ривал во полуфиналето ќе му биде Енди Мареј, кој со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) го победи Фелициано Лопез. Во другите два четвртфинални меча вечерва ќе играат: Милош Раониќ – Рафаел Надал и Томаш Бердих – Рожер Федерер.

APTOPIX Australian Open Tennis

Кај жените Јелена Јанковиќ успеа да се пласира во полуфиналето. Нејзината ривалка Лесја Цуренко го предаде мечот поради повредата на скочниот зглоб при водството на Јанковиќ од 6:1 и 4:1 во вториот сет.
Нејзина противничка во полуфиналето ќе и биде Сабине Лисицки која со 2:1 во сетови (6:4; 6:7 (3:7), 7:6 (7:4)) ја совлада ланската победничка на турнирот во Индијан Велс Флавија Пенета/МИА

Слични содржини