Првиот носител на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ обезбеди пласман во осминафиналето откако синоќа го совлада Алјаз Бедене со 3-0 во сетови (6:2; 6:3 и 6:3). Негов ривал во следната рунда ќе му биде Роберто Баутиста-Агут, кој со истиот резултат 3-0 во сетови (6:2; 6:3 и 6:3) го елиминира Борна Чориќ.новак

Пласман во осминафиналето кај мажите по вчерашните дуели обезбедија уште: Давид Ферер, Томаш Бердих, Доминик Тием, Давид Гофин, Ернестс Гулбис, додека Марсел Грањолерс се пласира откако Рафаел Надал поради повреда во петокот го предаде мечот.

На женскиот дел од турнирот Кики Бертенс и Дарија Касаткина го одиграа најдолгиот меч од вчерашаната програма. Во решавачкиот сет беше 10:8 во гемови за Бертенс, која победи со 2-1 во сетови.

Пласман во осминафиналето покрај Бертенс обезбедија уште: сестрите Вилијамс, Елина Свитолина, Карла Суарез Наваро, Јулија Путинцева, Медисон Кејс и Тимеа Башчински.

Денеска се играат првите осминафинални мечеви по четири во машка и во женска конкуренција

Слични содржини