Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во осминафиналето на Вимблдон откако во 3.то коло го победи Бернард Томиќ со 3:0 во сетови (6:3; 6:3 и 6:3). Негов ривал во понеделник во следната рунда ќе му биде Кевин Андерсон.

dJOKO

Пласман во осминафиналето по триумфот во мечот што се играше пет сета оствари и Денис Кудла, кој со 3:2 во сетови го победи Сантијаго Џиралдо. Претходно осминафиналето го изборија: Стан Вавринка, Давид Гофин, Ришар Гаске и Ник Киргиос.

Кај жените пласман во осминафиналето со победите во денешните мечеви од 3.коло остварија: Венус Вилијамс, Викторија Азаренка, Белинда Бенчиќ, Марија Шарапова, Зарина Дијас, Коко Вандевеге и Луси Сафарова.

Слични содржини