Со мало дополнување на Законот за лустрација, ако се докаже дека Груевски наредил прислушување од идеолошки причини, тој може да биде лустриран-пишува професорот Ѓорги Спасов за Утрински весник.

spasov

…Потхранувајќи ги паранојата и стравот на Македонците од „блудницата вавилонска“ и од непријателите кои сакаат да ја уништат Македонија, пропагандистите на Груевски трагаат секој ден по нови докази за улогата на странските служби во овој случај, за поврзаноста на Заев со надворешниот непријател на земјата и формираат „Движење за одбрана на Македонија“, чија задача е докажувањето на вистината на власта, а по можност и за вмешаноста на САД, на Германија и на ЕУ во изведувањето на овој „пуч“.

Стравот на Груевски, очигледно, не завршува со можното откривање на неговата улога во кривичното дело „неовластено прислушување на телефоните на огромен број граѓани во Македонија“.

Свесен и за другите можни последици од оваа афера, тој знае дека откако беше објавен прислушуваниот разговор меѓу министерката на полицијата Јанкулоска и министерот за финансии Ставрески, некој на Извршниот комитет на партијата ќе се осмели да го праша: Како можело тоа да се случи и дали тоа значи дека тој (ако стои зад тоа) нема веќе доверба во никого?

Нему му е јасно дека во моментот кога македонската јавност дознава дека министерката на полицијата Јанкулоска дозволила некој да ги прислушува и снима нејзините телефонски разговори, таа веќе нема кредибилитет да ја извршува понатаму таа функција која и’ е доверена за да ги заштити граѓаните од неовластено прислушување?

Груевски веројатно е свесен што значи за легитимитетот на власта информацијата дека некој ја прислушувал опозицијата и нејзиниот штаб за време на изборите во 2011 година, за време на локалните избори во 2013 година и парламентарните и претседателските избори во 2014 година?

И Груевски е свесен дека од тие телефонски разговори може да излезат непријатни сознанија за моделот на практикување на власта во овие години, како што беа информациите за Македонска банка, „Актор“, Загорац Тумбовски и други.

Оттука, неговата нова пропагандна алатка за спречување на вистината за неговото работење е ширењето на стравот од објавување на снимените разговори со објаснувањето дека „секој би можел да биде засегнат“ и дека ова е активност на опозицијата против сите граѓани што биле прислушувани. На Груевски му стана јасно дека ниту САД ниту ЕУ нема да дозволат обвинителството да ги прогласи сите информации од интерес на јавноста за државна тајна и дека наспроти неговата волја тие ќе станат достапни, не само за граѓаните туку и за неговите најблиски соработници, членови на неговата партија и гласачи од кои сакаше да ги сокрие…

Повеќе ТУКА

Слични содржини