Турскиот исламски проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, го повика Вашингтон да го отфрли секое барање од Турција за негово екстрадирање.гулен

– Ја повикувам американската Влада да го отрфрли секој напор да се злоупотреби процесот за екстрадиција со цел да се изврши политичка одмазда, рече Ѓулен во изјава, објавена од организацијата, поврзана со него и наречена Обединување за заеднички вредности.

Американски претставници изјавија дека се уште не добиле барање за екстрадиција на Ѓулен од Турција.

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повторно покажа дека е подготвен на се за да ја зачува личната власт и да ги стави под истрага неговите критичари, се вели во изјавата на Ѓулен, која беше објавена вчера.

Викиликс објави околу 300 илјади електронски соопштенија на турската Влада

– Тврдењата дека сум поврзан со тој ужасен обид за преврат се нездрави, неодговорни и нереални, додаде Ѓулен.

Претседателот на САД Барак Обама вчера телфонски разговараше со Ердоган и му предложи американска помош во истрагата на обидот за преврат од минатата недела, но го повика и кон воздржаност во гонењето против одговорните за пучот.

Вонредна: Уапсен “мозокот” на турскиот државен удар!

Портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест изјави дека двајцата лидери разговарале и за статусот на Ѓулен, а турската Влада веќе испратила материјали во електронска форма во врска со тврдењето за вмешаноста на Ѓулен во превратот, кои американските власти во моментот ги проучуваат.

– Кога ќе биде добиено и официјално барање за екстрадиција, одлуката за него ќе биде донесена спред условите на спогодбата меѓу двете земји, а не лично од претседателот Обама, додаде Ернест.

Слични содржини