Гласачките места во Општина Карпош ги отворија вратите за граѓаните

од desk4

Со поставување на кутиите и местење на избирачкиот материјал се отворија избирачките места во Општина Карпош, а точно во седум часот граѓаните започнаа да застануваат зад гласачките паравани, информира Телма.

Во четири избирачки места во основното училиште „Владо Тасевски“ каде гласаат преку три илјади луѓе од Општина Карпош процесот се одвива нормално, без нарушување на гласањето, а засега не се евидентирани нерегуларности.

Спроти малата излезност во првите мигови од отворањето на гласачките кутии, сега бројот на граѓани кои го оставриле гласачкото право се зголемува. На избирачките места во општината Карпош присутни се и нагледувачките тимови на ОБСЕ и Мост, а во секој објект каде се гласа присутна е и полицијата.

Kамерата на Телма ги регистрираше и претставниците на т.н. „Народна стража“ за која еднао д политичктие партии најави дека ќе бидат пристутни на денот на глаањето.

Гласачите кои ја остварија својата граѓанска должност и го дадоа својот глас за најдобрата опција според нив очекуваат дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред. Најважно за нив е да се реализираат сите ветени проекти, а нивната општина и Град Скопје да бидат поубаво место за живеење. Граѓаните велат лесно се снаоѓаат со избирачките списоци бидејќи изборите добро организирани, иако гласаат на 4 различни ливичиња за совети за Град Скопјеи општианта каде кадеа живеат и уште по едно ливче за изборот за општински и градски градоначалник.

Слични содржини