Гласањето во Каталонија почна, специјалци се обидуваат да го сопрат

од desk2

Во Каталонија утрово во 9 часот почна гласањето за рeфeрeндумот за независност на оваа шпанска покраина, покрај забраната од шпанската влада и Уставниот суд.

Првите гласачи се дочекани со аплаузи и одушевување, а специјалната полиција е снимена како со туркање се обидува да го спречи процесот.

На улиците има голем број полицајци и владее голема напнатост. Бирачите протестираат со гласно извикување: „Ние сме за мир“, „Надвор“ и „Нема да не исплашите“.

Припадниците на цивилната гарда со штитови во рацете до чекан го скршија стаклото на влезната врата во еден гласачки центар, а судирите меѓу граѓаните и полицијата избија пред гласачкото место во Сент Хулија де Рамис, во близина на Џирона, каде требаше да гласа каталонскиот претседател Карлес Пуџдемонт. Подоцна е објавено дека тој гласал на друга локација.

Локалните медиуми снимиле како полицијата со помош на пендреци ги растерува насобраните пред еден спортски центар. Снимките од повеќе локации прикажуваат повредени и крвави поединци. Меѓу нив има и постари лица.

Каталонските функционери порачаа дека кутиите се подготвени и дека одзивот на граѓаните е голем. Додека пак шпанското министерство за внатрешни работи наведува дека полицајците од сабајле почнале да ги одземаат гласачките кутии и ливчиња.

Заговорниците на референдумот цела ноќ ја поминаа во училиштата и други простории во кои е предвидено да се гласа.

Каталонската влада повика 5,3 милиони жители од 9 до 20 часот да се изјаснат за независност на Каталонија. Дозволено им е и да ги испринтаат дома гласачките ливчиња и да и однесат во кое било гласачко место.

Шпанската влада во Мадрид порача во сабота дека референдумот нема да се одржи.

https://twitter.com/twitter/statuses/914406887843655680

Слични содржини