Главниот одбор на германските социјалдемократи одобри формирање нова коалиција со Меркел

од desk4

– Главниот одбор на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) денеска, со големо мнозинство гласови, го одобри учеството на партијата во нова широка коалиција со конзервативнииот блок на Христијанско демократската унија (ЦДУ) и Христијанско социјалната унија (ЦСУ).

Одлуката доаѓа откако партиските лидери, Мартин Шулц од СПД, Ангела Меркел од ЦДУ и Хорст Зехофер од ЦСУ, претходно денеска постигнаа начелна согласност за коалицирање.

Одлуката сега треба да биде одобрена и на партискиот конгрес на СПД закажан за 21 јануари, на кој право на глас имаат 600 делегати, а потоа својата согласност треба да ја дадат и 400.000 партиски членови.

По најлошиот изборен резултат по Втората светска војна на изборите во септември, Шулц најави дека СПД ќе премине во опозиција во обид да го подобри својот рејтинг, но откако канцеларката Меркел не успеа да постигне договор за коалиција со другите партии во Бундестагот, на маса повторно се најде формирањето на нова широка коалиција.

 

Во два од трите досегашни мандати на Меркел, таа владееше во широка коалиција со СПД.

Со денешната одлука се зголемуваат шансите за прекин на повеќемесечната политичка неизвесност во Германија, која трае уште од парламентарните избори на 24 септември минатата година. Кризата ја ослабна улогата на земјата на меѓународната сцена и се поставија прашања колку долго Ангела Меркел ќе остане на функцијата канцелар.

Денешниот договор отвора пат за подетални преговори во текот на следните недели

Слични содржини