Гледањето порно од рана возраст предиспонира доминација над жената

од Vladimir Zorba

Гледањето порнографија од рана возраст формира склоност кон доминација над жената. До таков заклучок дојдоа американски психолози од Универзитетот Небраска-Линколн кои ја проучувале врската помеѓу гледањето на порно и однесувањето на мажот. Своите заклучоци тие ги претставија во рамките на 125-та конференција на Американската асоцијација на психолозите.

Психолозите извршија анонимна анкета со учество на 330 лица на возраст 17-54 години. Тие мораа да одговорат на прашања поврзани со класичните машки стереотипи во однесувањето. Така истражувачите утврдија законитост дека возраста на која момчето за прв гледало порно, ја одредува склоноста кон одреден тип на однесување. Особено утврдено  е дека раното познанство со порнографијата помага за формирање на склоност кон доминација над жената.

Ако првото гледање станало во подоцнежната возраст, тогаш мажот е повеќе склон кон промискуитетен секс и презир кон девојки и жени.

Генерално утврдена беше просечната возраст за прво гледање на порно – 13 години и седум месеци. Научниците планираат да додадат во идните истражувања уште индикатори кои ќе помогнат попрецизно да се интерпретираат добиените податоци и утврдените законитости.

 

Слични содржини