Глупаво одење

од Vladimir Zorba

Добро бе, и тој Зврлевски. Што човек ќе беше? Срам малку да имаше? Малку непријатно да му станеше. Со што ли го држат, што ли му знаат, што имаат за него, па толку да не смее и сам да си замине ако веќе ВМРО-ДПМНЕ не дозволува да го сменат, а мнозинството не го сака.

Повеќе од еден месец заедно со врхушката на ВМРО-ДПМНЕ ја држи во заложништво цела држава. Зошто? Само за да го одложи одењето во затвор на група луѓе. Или има поголем личен мотив отколку спасувањето на таа вмровска клика што го брани, а на која ѝ се одземени пасошите за да не избега од државата.  Се плаши и него да не го повлечат, па и тој да не заврши на исто место заедно со нив. Тој си знае што правеле заедно. А и правник е.

2Законите се направени за чесни луѓе. А криминалците секогаш наоѓаатдупки во законите. И бараат како да направат криминал, а законот да не ги закачи.

Исто како што сега ВМРО-ДПМНЕ прави со демократскиве процедури во Собранието. Не им и ним целта демократијата, почитување на Деловникот, законитоста и развивање на парламентарна дебата. Нивната цел е само да го одложат одењето во затвор на кликата што ја владее ВМРО-ДПМНЕ, од која некои се и во Собранието.

Па уште и се навредија кога Павле Богоевски од говорница им рече дека штитат криминалци. А Даниела Рангелова му одговори дека тие никого не навредиле. Да бе. Вистина е. Тие не навредуваат. Тие одма со ќотек ги решаваат работите. Од 24 декември, 2012. Преку демолирањето на Општина Центар, каде што и Рангелова е една од осомничените. Па до 27 април, кога ако сакаа да го убијат Заев, ќе го убиеја.

А овие од мнозинството уште и ја прифаќаат фарсата со глумење вмровска демократија. Права демократија во Собрание ќе има кога на секоја реплика на ВМРО-ДПМНЕ ќе се пуштаат бомбите. Од говорница, а и за време на паузите, наместо владини реклами од времето на Груевски на Собранискиот канал на МТВ. Нека се потсетат бранителите  на Зврлевски што правеле. А тие вмровци што не правеле,  нека се свестат каков криминал бранат. А не да измислуваат морски приказни, Тирански платформи, Софиски платформи, бегалски кампови, интерпелации за сите министри, сто пратенички групи…

Оти, еден е муабетот – кој нелегално прислушувал и дали се сторени криминалите што го чувме. Тоа Зврлевски не сакаше, или не смееше да го открие. И затоа треба да биде сменет. Па после да преминеме на втората точка: Кој нарача убиство на лидерот на опозицијата на 27 април и кој помогна во нападот на Собранието? Затоа што Зврлевски и тоа не сака, или не смее да го открие и покрај снимките од безбедносните камери. Освен ако и неговото име не е во одговорот на тие две прашања.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Слични содржини