Создадоа начин да разговарате со вашиот мачор на човечки јазик.4796387

Т.н. “Catterbox” е направен од 3D печатач и користи микрофон, звучници, блутут (Bluetooth) и wi fi, преку кои телефонот ќе го претвора мјаукањето на домашното милениче во човечки говор. Со него веќе можете да ги научите и најскриените мисли на вашиот четириножен другар.

Како што можете да си замислите најраспространетите фрази од мачјиот речникот се “здраво”, “нахрани ме” и “погали ме”. Креаторите на иновативниот речник сметаат дека тој може да биде чекор кон подобрување и олеснување на комуникацијата помеѓу сопствениците и нивните миленици.

Слични содржини