Го продадоа пристаниште Солун за колосална сума

од Vladimir Zorba

Грчките власти го одобрија договорот за продажба на пристаниште Солун, изборот падна врз германско-француско-грчко-кинескиот конзорциум кој предложи неприродно висока цена.

 Групата ќе плати 34 евра по акција, во споредба со цената од 20 евра на берзата во понеделникот. Заедно со дополнителните ангажмани, вкупната цена на 67% удел од пристаништето изнесува 1,1 милијарди евра, што е пропорционално со платеното за приватизацијата на пристаништето Пиреја.

Оваа висока цена, во комбинација со зголемената конкуренција меѓу мултинационалните кандидати и кинеската инвестиција во Пиреја, ја потврдува оценките дека грчкото пристаништна индустрија има значителни  можности за раст.  Пазарните експерти сметаат дека откако инвестициите ќе бидат исполнети двете грчки пристаништа ќе можат да се надополнуваат и да земат лавовско мето во  трговијата во регионот.

Слични содржини