Вкупната годишна миграција во Велика Британија изнесува 323.000 лица, соопшти денеска британското Биро за национална статистика (ОНС).

Таа е за 31.000 поголема во споредба со ситуацијата во периодот 2013-2014 година, но е благо намалена во споредба со рекордната вкупна миграција од 336.000 лица забележана во јуни минатата година.

strike_1250970b

При правењето на овие податоци, бројот на мигрантите се добива откако од бројот на новодојдените се одзема бројот на оние кои ја напуштиле земјата.

Од новодојдените, 165.000 се од земјите на Европската Унија, што се верува дека ќе придонесе за ново распалување на антимигрантската еуфорија во евроскептичните и антиевропските весници.

Од новодојдените Европејци, 96.000 или 58 отсто, дошле во Британија со веќе обезбедна работа, додека другите 69.000 или 42 отсто, пристигнале со намера да бараат работа.

Меѓу овие новододјдени мигранти, 17.000 се 0од Бугарија и Романија, што е повеќе во споредба со претходната година. Две третини од нив, веќе имале обезеднено некакво работно место.

Сега во британската економија има два милиони вработени од земјите членки на ЕУ, додека други 1,2 милиони се од држави надвор од Унијата.

Според ОНС, во текот на минатата година, половина од нововработените во Велика Британија биле странци.

Министерот за внатрешни работа Тереза Меј призна денеска дека бројот на мигрантите и натаму е мошне висок, но изрази надеж дека ограничувањето на социјалните бенифиции предвиден со новиот британско-европски договор, ќе го намали приливот на мигрантите од ЕУ.

Лидерот на антиевропската Партија за независност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж меѓутоа порача дека најновите статистички податоци само покажуваат дека „единствен спас“ е напушатењето на ЕУ.

Таквата негова проценка не ја делат експерти од Универзитетот во Оксфорд кои сметаат дека не може однапред да се заклучи оти излегувањето од Унијата само по себе, ќе донесе намалување на имиграцијата во Велика Британија./МИА

Слични содржини