Ѓоковиќ: Далеку сум од мојата најдобра игра

од desk3

“Свесен сум дека сум далеку од својата најдобра игра, но сум подготвен за предизвикот да најдам излез од ситуацијата”, призна светскиот број 2 Новак Ѓоковиќ, откако отпадна во 1/4-финалето на Ролан Гарос.Ѓоковиќ ја бранеше титулата од минатата година, но беше разбиен од Австриецот Доминик Тим со 6-7 (5), 3-6, 0-6 денес. “Жално е да го завршам Ролан Гарос на таков начин. Секогаш очекувам многу од себе, но факт е дека сум далеку од својата најдобра игра и сум свесен за тоа. Се обидувам, како и сите други, да доведам до подобрување на својата игра. Понекогаш се добива, понекогаш – не. За мене ова е сосема нова ситуација, особено во последните 7-8 месеци.

Тоа не е нешто што не се случило на другите топ тенисери. Сите минувале во тешки ситуации. Па само треба да поминам низ тоа, да си ги научам лекциите и да излезам посилен. Тоа е голем предизвик, но јас сум подготвен за него “, коментира Ѓоковиќ

Слични содржини