Ѓоковиќ се враќа на теренот порано од предвиденото

од Vladimir Zorba

Носителот на 12 титули од Гренд слем Новак Ѓоковиќ ќе се врати на теренот следната недела.

Српскиот тенисер ја прифатил поканата на организаторите и ќе се вклучи во турнирот од категоријата “АТП 500” во Акапулко.

Светскиот рекет број 2 доби повреда на рамото при победата над Русинот Даниiл Медведев за куп “Дејвис” во почетокот на Февруари. Поради повредата тој беше принуден да се откаже од турнирот во Ротердам минатата недела.

Првично се очекуваше Србинот да се врати за Мастерсот во Индијан Велс и Мајами во Март.

Турнирот во Акапулко ќе е негово прво учество на ниво АТП од шокантната загуба против Денис Истомин во вториот круг на Australian Open. Ова ќе е втората трка во Латинска Америка во неговата кариера по Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

“Одлични вести. Ќе ме видите назад на теренот следната недела во Акапулко. Ви недостасувам ли”, напиша поранешниот број 1 во профилот на “Твитер”.

Овогодинешното издание на турнирот во Акапулко се појави исклучително силно, бидејќи освен Ѓоковиќ, кој ќе биде поставен под №1, ќе учествуваат Рафаел Надал, Милош Раониќ, Марин Чилиќ, Доминик Тим, Давид Гофен, Ник Кириос и Иво Карловиќ.

Слични содржини