Голема излезност на првиот Студентски референдум

од desk3

„Студентски пленум“ денеска го организира првиот студентски реферндум, кој се одржува на 20 факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од пленумот велат дека досега гласањето се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера и дека има изненадувачки голема излезност.

studentski-referendum

– Гласањето не почна на Ветеринарен, Земјоделски и на Факултетот за физичка култура затоа што немавме пријавени волонтери. На другите факултети веќе во првиот час имаме голема излезност, на поголемите факултети гласаа од 50 до 100 студенти, а на помалите од 20 до 50 студенти. Очекуваме уште поголема излезност по 12 часот – вели Борјан Ефтимов од „Студентски пленум“.

По завршувањето на референдумот, од пленумот велат дека ќе имаат заеднички состанок со сите студенти и ќе одлучат за наредните акции. Тие, исто така, очекуваат поддршка и од сенаторите.

– Се надеваме дека сенаторите ќе ја препознаат волјата на студентите. Останува на нивната морална одговорност дали ќе застанат зад студентите или некоја невладина организација – додава Ефтимов.

Со вклучување на Студентскиот парламент во организацијата на УКИМ, од пленумот велат дека ќе се постигне поголема контрола на работењето на ова тело и ќе се имплементираат повеќе заштитни механизми во поглед на финансиите.

 

META

Слични содржини