„Големата четворка„ – во фамозната 4-ка ќе ги реши изборите

од Vladimir Zorba

cetvorka-vo-cetvorka

Никола Груевски, Зоран Заев, Љубчо Георгиевски, Слободан Богоевски…се тркаат на превремените парламентарни избори закажани за 11 декември во четвртата изборна единица, информира sdk.mk.

Изворот прашува: „Кој ќе победи во четвртата Изборна единица ќе одлучи кој ќе биде победник на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 11 декември.

Директно за прв пат на избори ќе се соочат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев. Зоран Заев е носител на пратеничката листа на коалицијата предводена од СДСМ, а Никола Груевски  ќе ја предводи листата на коалицијата “За подобра Македонија“.

Покрај нив, во истата изборна единица се и Љубчо Георгиевски, поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен претседател на ВМРО-НП, кој е носител на листата на коалицијата „ВМРО за Македонија“ како и  и поранешниот разузнавач Слободан Богоевски кој е носител на листа од коалицијата за “Промени и Правда“„.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини