Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ќе може да ја убеди Русија да ја преиспита својата позиција за настаните во Сирија, пренесоа агенциите. Ердоган изјави ова го изјави во интервју емитувано денеска од телевизија “Ал Џезира”. Ердоган додаде дека има намера да разговара со претседателот на Руската Федерација ситуацијата во Сирија.

ердоган

Ако ние со Русија сме пријателски земји, имаме право да побараме претседателот Владимир Путин да ги преиспита направените од него чекори и преземените дејствија, рече Ердоган.

Русија не извести со писмо дека за време на нејзината операција воздухопловните напади ќе бидат нанесувани на терористичката група “Исламска држава”, но авијациските напади се нанесуваат во провинциите Хомс, Хама и Алепо.

Под удари се подложени и позиции на умерената опозиција, рече Ердоган. Тој посочи дека за време на посетата на Москва на 23 септември му предложил на рускиот претседател да биде формирана трипартитна комисија за Сирија во формат САД – Русија – Турција на ниво на министри за надворешни работи.

Ние ќе предложиме на тројцата министри да се соберат и да разговараат за тоа како да се опорави мирот во Сирија, рече Ердоган. Путин сепак не сака да се дискутира за отстранување од власт на претседателот Башар Асад и можното решавање на кризата без негово учество, додаде турскиот претседател.

Слични содржини