Без разлика на тоа каков тип е вашата кожа, сигурно сте имале некакви проблеми со хидратацијата и порите.ea5ba466b791287a626f564820ce0867

Но, кога станува збор за справување со мрсната кожа, можеме смело да изјавиме дека ви се наметнува да се “борите” со повеќе од само малку сјаен нос и чело.

Зголеменото производство на себум од кожата може да ги затне и без тоа непријатните пори, да предизвика појава на акни и веројатноста за сето тоа е уште поголема, ако немате правилни навики за чистење.

Егзацербација на мрсната кожа може да се добие или при различни временски аномалии и стрес, или при промени во менструалниот циклус.

Хормоните ги активираат вашите жлезди да произведуваат повеќе себум и со акумулацијата се формира мрсната површина.

За среќа, не е сѐ изгубено – проверете ги своите навики со убавината и отстранете ги грешките кои ги практикувате.

1. Користење на силни производи за чистење
Производи како адстрингенти и високата содржина на алкохол можат да ја иритираат кожата и да доведат до појава на акни. Користете пенлив гел за чистење, кој содржи салицилна киселина – тоа ја прави безбедна за користење и без несакани ефекти.

2. Не користите хидратантен производ
Тоа е еден од најголемите митови за мрсната кожа. Фактот дека произведувате повеќе себум ни од далеку не значи дека не треба да сте хидрирани – дури напротив. Тоа е апсолутно задолжителна компонента од рутината. На кожните клетки им треба вода, затоа побарајте само производ кој е лесен и се апсорбира брзо.

3. Не нанесувате шминката
Козметиката и различните шминки можат да бидат исклучително забавни. Фактот дека сте со мрсна кожа на никаков начин не треба да ве запира да ги користите. Сѐ што треба да направите е да се обрне повеќе внимание на содржината на производите – избегнувајте маслени.

4. Правите пилинг премногу
Погрешно е верувањето дека колку повеќе ја чистите кожата и мртвите клетки со пилинг, толку помалку масти ќе останат на површината. Напротив – сушењето го стимулира производството на себум и ќе треба да се справувате со уште засилен проблем.

5. Страв ви е од масла
Маслата не се апсолутно идентични во својот состав. Не се плашете секој пат штом ги видите на етикетата на креми и лосиони за тело. Јојоба и аргановото масло се користат за да се негува кожата, па не ги отпишувајте толку брзо.

Слични содржини