Големо невреме ја зафати Америка, има и мртви

од desk2

Како резултат на големите бури кои го погодија североисточниот дел на САД, починаа пет лица, меѓу кои и едно девојче, а речиси половина милион луѓе останаа без струја.

Како што тврдат американските медиуми, големо невреме, поплави и град со јачина од речиси 130 километри на час зафатија дел од САД, а возможна е и појава на торнадо.

Во американската сојузна држава Њујорк почина и 11-годишно девојче врз кое падна дрво после невреме. Дрвото во пад ја повреди и нејзината мајка.

Во градот Њубург дрво падна на жена, додека таа управувала со автомотил. Таа исто така нешто почина нешто подоцна.

Во Данбери, во сојузната држава Конектикат, еден маж почина откако дрво падна на камиониот кој го возел, четвртата жртва исто така починала при пад на дрво во Њу Ферфилд, а 31 годишен маж почина откако дрва го уништи неговото возило.

Жителите во Пенсилванија, Њујорк и Њу Џерси вчера останаа без струја.

Националната метеоролошка служба доби повеќе од 100 извештаи за големи временски неприлики, после само шест часа откако беше објавено дека ќе паѓа град со големина на бејзбол топки и дека ќе дува ветар со јачина до 130 километри на час.

Иако невремето со голема брзина се движи кон исток во САД, предупредувањето за тешки временски услови се уште важи и за делови од Вашингтон, Филаделфија, Њујорк и Бостон.

Слични содржини