Големото отсуство од прославата на Јунајтед

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ не присуствува на годишната церемонија на врачување на наградите на најдобрите фудбалери на тимот, соопшти Aftonbladet.

Во април Швеѓанецот заработи повреда во дуелот против Андерлехт и отпадна од игра до крајот на сезоната. Ветеранот го повредил коленото и ќе биде надвор од теренот за неопределен рок.

По повредата Јунајтед одлучи да не нуди нов договор на Златан, а медиумите проценуваат дека тој ќе загуби поради повредата околу 30 милиони фунти..

За време на вчерашната церемонија во Манчестер, Ибрахимовиќ бил во шведската престолнина Стокхолм. Во средата тој се врати во Европа од САД, каде што беше подложен на операција и закрепнување.

За најдобар играч на Манчестер е прогласен Шпанецот Андерс Херера, по него се нареди Антонио Валенсија, а Ибра остана едвај трети. Признанието за најдобар гол во сезоната пак доби Хендрик Мхитаран за погодокот во голот на Сандерленд од 18-коло. Ибрахимовиќ премина во Манчестер Јунајтед во текот на летото на 2016 година и во својата прва сезона во клубот постигна 28 гола во 46 натпревари од различни турнири, како и додаде 10 асистенции.

Слични содржини