Google Maps ве советува кога да тргнете на пат

од desk2

Google Maps се смета за апликација која мора да ја имате на телефонот затоа што ги наведува корисниците низ улиците и им помага за избегнување сообраќаен метеж.


Со новата надградба, Google Maps ве советува кога би било најдобро да тргнете на пат.

Новата опција во моментот е достапна само за корисниците на Android. Со податоците на кои покажува очекувано време и оддалеченост од саканата дестинација, се појавува и нова која ви советува кое време да тргнете.

Апликацијата функционира врз основа на податоци за сообраќајот. Опцијата не е потполно прецизна затоа што ако ве посоветува да тргнете пола час порано колку време ќе заштедите.

Google се уште не соопшти кога новата апликација ќе биде достапна на iOS уредите.

Порано Google Maps уфрли и опција која помага да го пронајдете својот автомобил на паркинг, што возачите со радост ја дочекаа.

Слични содржини