Горан Грујовски се појави на суд. Кривичниот го чека повторно на 3 јуни

од desk3

Сите декласифицирани докази од УБК, Кривичниот суд денеска ги прифати. Ова значи дека деловните книги на УБК и безбедносните тајни документи можат да бидат користени во судскиот процес против поранешнит шеф на петтата управа на МВР Горан Грујовски.

Одбраната на почетокот бараше да не се користат доказите обезбедени од УБК од страна на СЈО. Сепак, обвинителите од ова обвинителство рекоа дека без разлика на тоа дали се работи за класифицирани докази, тие се добиени на законски начин, односно, поднесено е барање до УБК, од каде сите докази се предадени на СЈО. По ова, судијката Лидија Петковска донесе одлука овие докази да можат да се користат.

Грујовски утрово се појави во Кривичниот суд откако пропушти неколку со образложение дека е болен. Тој заедно со уште шест други лица, во случајот „Тврдина 2“ се сомничи дека уништувал службени документи, дел од нив поврзани со незаконското прислушување.  На денешното главно рочиште, тој ги отфрли сите обвиненија против него.

Денеска Специјалното јавно обвинителство за прв пат доби можност да даде воведен збор за овој случај, иако е покренат пред повеќе од една година.

„Првпат по повеќе од година и неколку месеци, имавме можност да дадеме воведни зборови за конкретен кривичен предмет, односно кратко изјаснување на содржината на обвинителниот предлог. И вие имавте делумно прилика да го слушнете произнесувањето на обвинетите…во имињата нема да навлегуваме, но како бројка имаме предложено четири сведоци, во оваа фаза“, изјави Љубомир Лапе од СЈО.

Овој случај на СЈО произлезе од незаконски прислушуваните материјало.  Во него како првоосомничен се јавува Горан Грујовски, кој заедно со уште шест други лица се терети дека уништил 2072 службени документи, од кои 22 се однесуваат на прислушувањата.

Следното рочиште е закажано за 3 јуни, а СЈО повика уште четворица сведоци.

Слични содржини