Поранешниот претседател на Државната комисија за спречување на корупција Горан Миленков поднесе оставка, потврдија за МИА од Антикорупциска.


Неговата оставка е доставена до Собранието на Република Македонија.
Миленков оставката ја поднесува нецела недела по објавениот ревизорски извештај на УЈП за работата на членовите на ДКСК.

Во извештајот се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.
За извештајот на ревизорите за Антикорупциска, истрага отвори Јавното обвинителство, а парламентарното мнозинство ги повика членовите да си поднесат оставки или ќе биде иницирано нивно разрешување во Собранието.

Претседателот на Антикорупцика, Игор Тантуровски, пак, негира дека има незаконитости во работата на Комисијата и рече дека нема да поднее оставка.

Слични содржини