Ова го објави американскиот автор, добитник на наградата “Пулицер”, Вилијам Таубман кој го интервјуирал 86-годишниот Горбачов осум пати за својата биографски книга  насловена “Неговиот живот и време”, додавајќи дека Горбачов е масовно неомилен во Русија .

 Според неговите зборови, цитирани од “Ројтерс”, иако во 1980-те години Горбачов бил популарен меѓу советските граѓани, сега е масовно презиран во Русија , бидејќи локалците го обвинуваат за колапсот на СССР , и нерешителен лидер .

Запрашан зошто рускиот претседател Владимир Путин го занемарува Горбачов, дури откако реално е дел  од руската историја, Таубман истакнал дека Путин само заработил од занемарувањето или критикувањето на Горбачов . Тој додава дека во многу односи програмата на Путин е спротивна на онаа на Горбачов.

На прашањето дали Горбачов има надеж да види по  демократска руско влада, американскиот автор посочил дека Горбачов изјавил   дека тоа може да потрае со децении Русија да се демократизира “, па дури и да го потроши целиот 21 век ”