Пред една година Украинците излегоа на битка против корумпираните режим на Јанукович – и победија. Но горчливата вистина е дека една година подоцна нивниот сон за подобар живот уште не се оствари. Коментар од Бернд Јохан:

0,,18273476_303,00

Пред една година Украинците успеаја да соборат еден автократски и корумпиран режим. Тие ја избраа демократијата и европската перспектива за својата земја. Но во битката за самоопределување се соочуваат со еден нов, многу помоќен противник – Русија. Од страв дека Украина може да стане демократска држава, Кремљ разгори војна среде Европа. Целта на Москва е веќе повеќе од јасна: да се спречи Украина да стане европска држава. И да се стави крај на соништата на Украинците за живот во демократија, благосостојба и мир.

Пред една година стотици илјади Украинци демонстрираа со месеци против авторитарниот систем на Виктор Јанукович. И тоа на леден студ и со инает на бруталното насилство од страна на властите. И промената се случи – моќниците капитулира и избегаа во Русија, која до денес ги опишува протестите како “државен удар”. Вистината е сепак друга: системот на Јанукович беше осудена на смрт, бидејќи беше гнил однатре. Конечно дури силите за безбедност одбиваа да се потчинуваат на претседателот Јанукович. Не, тоа не беше државен удар. Јанукович одамна веќе беше избегал во Русија, кога парламентот во Киев го прогласи за соборен.

Бес и тага

Кремљ реагира на настаните во Украина со агресија и насилство. Прекршувајќи ги сите правила на меѓународното право, Москва го анектира полуостров Крим и ја разгори војната во источна Украина. По Јанукович, сега Русија е онаа, која сака да и го украде на Украинците нивното право на самоопределување и достоинствен живот. Тие го знаат ова многу добро и затоа гордо ја прославија годишнината од протестите на Мајдан. Токму таму беше подотворена вратата кон слободата. Само што раните од оваа битка уште крварат.

Украинците тагувам за над 100-те демонстранти, убиени за време на протестите од снајперисти, а тагата им се меша со бес, насочена пред сè против нивната влада. Бидејќи и до денес не е разјаснето кој пукал на демонстрантите. Не е јасно исто така кој ја издал наредбата за крвопролевањето на Мајдан. Блиските на жртвите и до денес чекаат одговор на овие прашања. И е непобитен факт дека украинското правда пропадна при истрагата на ова кривично дело.

Луѓето се нажалија и за илјадниците жртви на војната во источна Украина. Над 1 милион се бегалците од источниот дел на земјата,која стана зона на насилство, опустошувања и беззаконие. Во исто време украинската влада и претседателот Порошенко се изложени на силен притисок од јавноста. Во војната против сепаратистите украинската армија доживеа пораз по пораз. И никој не знае дали ќе биде исполнето договореното од Минск за прекин на огнот и повлекување на тешките оружје.

Година подоцна

Многу Украинци се уште веруваат дека Порошенко и неговата влада ќе постигнат победа во оваа битка. Но горчливата вистина е дека против еден таков моќен противник каков што е Русија, Украина не може да постигне воена победа. Моќта на Украина се состои во тоа што демонстрираа луѓето од Мајдан – имено, дека тие се способни да се организираат и да востанат против политичките лаги. Храброста на овие луѓе би требало да предизвикува загриженост во Кремљ. Бидејќи граѓанското општество е моќна сила, кој еден ден ќе се почувствува не само во Украина, но и во Русија.

Во исто време е факт дека многу од барањата на демонстрантите од Мајдан се уште не се задоволни. Пред една година демонстрантите бараа економски реформи, независно судство и крај на корупцијата. Само што олигарсите продолжуваат да ги влечат конците во политиката и економијата на земјата. А луѓето од Мајдан побунија токму против овие безобразно. Кажано поинаку: една година по промената, битката на Украинците уште не е добиена.

Слични содржини