Гори струшката дива депонија – протести и денеска

од Vladimir Zorba

  Повторно гори дива депонија во Струга. Струга обвиена во чад, од синоќа пламените јазици не стивнуваат. Пожарникарите не можат да се справат со огнот, а немаат ни целосен пристап до депонијата.

Стружани се гушат во чад и за денеска на пладне масовоно излегуваат на улица. Револтот кај граѓаните  не стивнува. Се уште нема конкретни решенија за проблемот со струшката дива депонија, иако министрите без ресор  и животна средина веднаш се одзваа на апелот од граѓаните и излегоа на терен  не изнесоа конкретни временски рокови за тоа кога стружани ќе почнат да дишат чист воздух.

И понатаму не се знае кога депонијата ќе се изгасне, премести или конзервира како што бараат граѓаните.

Засега министерството ја препушта работата на експертски тимови кои следниве денови ќе ја испитуваат состојбата, а заклучоците ќе ги изнесат на владина седница која дополнително ќе одлучува како ќе постапува и ќе го решава проблемот./ТВ 24

 

Слични содржини