Јавниот интерес по дефиниција претставува интерес на сите чинители и граѓани во едно општество. Владите кои не се транспарентни значи не работат за јавниот интерес. Тие се поставени да им служат на интересите на граѓаните, што значи дека тие имаат одговорност да си ја вршат својата работа мудро, одговорно и чесно. Ова го порача британскиот амбасадор на отварањето на Конференцијата „Деконструирање на концептот на јавниот интерес во Република Македонија: зло(употреба) во име на граѓаните-пренесе РСЕ

Petar-Gosev-650x320_thumb_medium500_246

Поранешниот министер за финансии и гувернер на Народна Банка, Петар Гошев потенцира оти земјата нема проблем со дефиницијата, туку со злоупотребата на најпрепознатливите облици на јавниот интерес.

„Никој во власта не е несвесен за злоупотребите кои што се прават. Злоупотребите се прават од алчност, од отсуство на контрола на контролни механизми во општеството. Значи не е незнаењето во прашање. Кога би било незнаењето ние би биле многу помалку неразвиени. Меѓутоа монополизацијата на власта, недисперзијата на моќта, концентрацијата на моќта и елиминацијата на демократските механизми во системот ги произведуваат овие несреќи“, смета Гошев.

Повеќе ТУКА

Слични содржини