Гостиварскиот огранок на ДУИ повторно го предложи Невзат Бејта за кандидат за градоначалник

од Vladimir Zorba

Раководството на огранокот на Демократската унија за интеграција од Гостивар на синоќешниот состанок донело одлука со која за кандидат за градоначалник на претстојните локалани избори го номинира актуелниот, Невзат Бејта.

nevzat-bejta

Во соопштението на огранокот се наведува дека дебатата околу номинацијата на Бејта за уште еден мандат била конструктивна и прифатена едногласно, а поддршка дале и локалните форуми на жени и млади.

Бејта се заблагодарил на укажаната доверба и потврдил дека е подготвен да реализира уште една програма доколу биде избран.

Конечната одлука дали Бејта ќе влезе во уште една трка за градоначалничката позиција, ќе биде позната кон крајот на февруари. Тогаш централното раководство и лидерот Али Ахмети треба да решат кои кандидати за градоначаници и за членови на општинските совети  и официјално ќе влезат во предизборна трка.

Невзат Бејта беше градоначалник на општина Гостивар во периодот од 2005 до 2009 година, па на следните избори загуби од конкурентот Руфи Османи. Повторно ја презеде функцијата по изборите во 2013 година. Бејта е потпретседател на ДУИ, а во еден период беше и министер за локална самоуправа.

Слични содржини