Грабар Китаровиќ: Балканската мигрантска рута да остане затворена

од desk3

 

 

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави дека балканската мигрантска рута треба трајно да остане затворена. Таа ова го изјави во текот на вториот ден od конференцијата за сигурност GLOBSEC 2017 во Братислава, пренесува ХТВ.

Доколку одредени земји примат одреден број на мигранти или азиланти, тие можат директно и многу поефтино, без подржување на трговијта со луѓе  да дојдат до тие држави, рече таа додавајќи дека потенцијалниот нов бран на миграцiја сигурно би го десабилизирал југоистокот на Европа. Меѓутоа тука се исто така различни други влијанија кои го исполнуваат вакумот кој настана поради тоа – нема да речам престанок, но секако застој во прецесот на евроатланските интеграции, рече Грабар – Китаровиќ.

 

Слични содржини