Грабната малолетна средношколка пред училиштето во Куманово

од Vladimir Zorba

Ученичка во средното училиште „Перо Наков“ од Куманово завчера била грабната на големиот одмор од пред училиштето. Случајот во полицијата го пријавил жител од село Лојане, општина Липково вчера во 15 часот.

Според МВР околу 10,00 часот на  големиот одмор девојчето заедно со другарките излегле од дворот на училиштето односно пред касарната, каде што застанало патничко моторно возило, од кое излегол Р.З. со уште едно лице и со закана и употреба на сила, ја фатиле за раце и ја внеле на задното седиште од возилото.

Непознатото лице го удрило девојчето во пределот на главата, по што таа паднала во бессознание, додека Р.З. го возел возилото. По некое време девојчето се освестило на напуштено место, додека Р.З. и непознатото лице со возилото биле заминати во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот.

Слични содржини