Град Скопје ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата земја“

од desk2

Градот Скопје утре во периодот од 20.30 до 21.30 часот ќе се вклучи во глобалната акција „Часот на планетата Земја“ и ќе го исклучи осветлувањето на неколку објекти во центарот на градот.

Осветлувањето ќе биде исклучено на плоштад „Македонија“ со спомениците, Камениот мост, Скопската тврдина Кале, мостот „Око“ и мостот на уметноста.

Поддржувачите на акцијата „Часот на планетата Земја“ низ светот ќе ги исклучат светилките и ќе испратат силна порака за спас на планетата и за намалување на климатските промени.

Оваа светска манифестација се спроведува во 170 држави низ светот.

Слични содржини