Град Скопје со одлука ќе ги спаси од барок „Пелагонија“ и „Метропол“ и други објекти

од desk2

Советниците на Град Скопје на утрешната седница треба да одлучуват за укинување на одлуката за изглед на барокни фасади во централното градско јадро на Скопје. Градот со оваа предлог-одлука се обврзува дека ќе ги преземе сите административни и финансиски последици и штетите од незавршените градежни активности за објектите што не добија барокни фасади.

Станува збор за укинување на програмата за реконструкција и доградба на објекти во централното градско подрачје, која опфаќа претежно фасади на објекти на улиците Димитрије Чуповски и Македонија… Град Скопје од извршителите ќе бара да ги вратат фасадите и објектите во првобитната состојба, при што се обврзува да ги надомести и трошоците за претходно направените проверки и факти за градежните активности.

Таков објект е зградата на „Пелагонија“, чија барокна фасада требаше да проголта 1,9 милион евра. Од Градот соопштија дека претходно добиле согласност од станарите и сопствениците на деловните простори во зградите за фасада во барокен стил. Град Скопје, пак, лани објави нов тендер за изградба на фасадата бидејќи беше раскинат договорот со претходниот изведувач кој не ги почитувал стандардите и роковите за реконструкција. Фасадата беше идејно решение на Лазар Димов и Никола Стакинов, а градбата ја изведуваа „Градежен институт Македонија АД“ и „ЛСГ билдинг солушнс“ ДООЕЛ од Скопје. Зградата на „Пелагонија“ стои недоправена, односно фасадата е соголена и се гледаат тули и малтер.

Во образложението на предлог-одлуката на Град Скопје пишува дека наместо програмата за реконструкција на фасади на Градот да биде заснована на Законот за заштита на културното наследство, таа е спротивна на неговите одредби, со што во целост е променет изгледот на централното градско јадро. „Неопходно е да се спречи натамошното уништување на сето тоа што претставува сведоштво на човековото градителско и друго творештво во минатото и да се зачуваат вистинските културни вредности“, пишува во образложението.

Според податоците на „Скопје под лупа“, само за фасади од проектот „Скопје 2014“ беа предвидени 43 милиони евра..Макфакс

Слични содржини