Град во Албанија го прогласи Трамп за почесен граѓанин

од desk3

Албанскиот град Камза, познат по тоа што улиците се именувани по светски познати личности, го прогласи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за почесен жител на градот.

kamza-st-view

Управата на градот едногласно ја донесе ваквата одлука, истакнувајќи дека Трамп е „револуционерен модел на новиот демократски поредок, економски експерт, надворешно-политички посредник, вешт, речит и лидер на модерното време”.

Во декларација уште се посочува и дека „Трамп е најдобрата алтернатива за сите Американци, кои со право се чувствуваат разочарани од политичката елита“.

Власта во градот Камза, што се наоѓа близу Тирана, ја опозициската конзервативна Демократска партија./МИА

Слични содржини