Градежен работник загина од струен удар

од desk2

Во вторникот, градежен работник од Струга, загинал од струен удар, соопшти полицијата.


Околу 11,30 часот во Струга на ул.„Едвард Кардељ“ Г.М. (44) од Охрид неговиот брат А.М. и М.П. сите вработени во „АМГ Дизајн 2013“, извршувале градежни работи (местеле олуци), на куќата на Ј.Б., при што Г.М. со олук допрел електрична жица од далековод кој минувал на висина од околу 2,5 метри од терасата каде се наоѓал, при што добил електричен удар и паднал.

Од страна на екипа на Итна медицинска помош му била укажана лекарска помош, по што бил пренесен во Општата Болница во Струга, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од ПС Струга.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Слични содржини