Градинка „8 Март“: Некој се обидува да не смести во политички сценарија

од Vladimir Zorba
  54455454-768x377

„Од името на ЈДГ „8 Март“ – на Општина Кисела Вода во Град Скопје, од мое лично име, како нејзин директор и од името на целиот персонал, најостро ги демантираме наводите изнесени вчера во вашиот медиум, околу поставувањето знаме со партиски обележја од страна на вработените во градинката.

Во нашето долгогодишно работење сме покажале и докажале дека дословно ги почитуваме сите закони, вклучително и законите за истакнување знамиња на празници, односно неистакнување на знамиња со партиски одбележја. Оттука сметаме дека вчерашниот настан е монтиран случај со кој се сака да се оцрни успешното работење на градинката и градоначалникот на општината. Ќе потсетам дека пред само неколку месеци, токму овој објект од градинката ‘8 Март’, во Пржино, беше реновиран и стана комплетно енергетски ефикасен. Целосно му беше сменета фасадата и надворешна столарија, а доби и целосно еколошко загревање со биогориво, наместо како досега, со нафта.

Претходно од страна на општината целосно му беше заменет кровот, па дечињата добија одлични услови за престој, за што ќе посведочат и нивните родители кои секојдневно ги носат до тука. Воедно, градинката ‘8 Март’, минатата година доби и уште еден сосема нов објект, во Припор, па со тоа се растоварија капацитетите во постојните градинки.

Ваквите монтирани случаи, за кој пишувавте во вашиот медиум, само покажуваат дека некому му пречи што децата конечно имаат одлични услови, што родителите се задоволни, па се обидува да го оцрни успехот од нашата работа и се обидува да не смести во некакви политички сценарија. Потег што најостро го осудуваме.“
Со почит,
Директор на ЈДГ „8 Март“– на ОКВ во Град Скопје
Габриела Стојановска

Реакција од градинката „8 Март:

Слични содржини