Градот Скопје постави осум патоказни табли за туристите

од Vladimir Zorba

Градот Скопје постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот, за промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите.

Како дел од проектот „Поставување туристички патоказни табли“, поставени се осум столба со три патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот културно-историски објект или локалитет во централното градско подрачје.

Некои од нив се наоѓаат на плоштадите, наспроти Собранието, наспроти „Порта Македонија“, на улица Македонија и на други места./Мета

Слични содржини