Граѓаните на Центар ќе можат да пријават комунален проблем преку смс или вибер

од desk2

Граѓаните на Центар ќе можат да пријавуваат комунални проблеми во општината преку СМС-порака или на Вибер на телефонскиот број 076-313-387.

– Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да да го оствариме мораме да работиме сите заедно, се вели во повикот до граѓаните да пријават комунални проблеми.

Од општината информираат дека во четврток 22 февруари ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Од општина Центар ги повикуваат жителите од 08:00 до 13:00 да ги изнесат старите апарати за домаќинство и мебелот да ги изнесат и да ги остават пред влезовите на зградите.

Слични содржини