Испратено е засилување од специјалните единици на границата со Грција кај Гевгелија по заострување на тензиите и нов протест на блокираните мигранти, дознава локално.мк.

Испратени се и оклопни возила, армијата подготвила солзавец и водени топови, а на позиции, од македонската страна на границата, се наоѓаат два кордони полицајци.

policija
По кратко затишје мигрантите денеска протестираат повторно, а десетици се се обидоа да се качат ма на новоиздигнатата жица, барајќи да ги пуштат да влезат во Македонија.

Други се наредени зад оградата од грчката страна на границата, а напред поставија деца со постери “Ние не сме терористи, сакаме мир” и “Ви благодариме за помошта”. Демонстрантите се главно од Иран.

Од мигрантскиот билтен на МВР

Пред неколку дена властите донесоа одлука да дозволат на територијата на земјата само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, во кои има воен конфликт, а сите останати да се сметаат за економски мигранти и да бидат депортирани.

Незадоволството на економските мигранти достигна кулминација, откако во текот на ноќта државава
пропушти преку границата неколку илјади бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, додека тие чекаат со денови од другата страна на граничната линија.

Претходно денеска безбедносни сили зфатија голема група мигранти,кои успеале да ја преминат оградата, и ги враќаат назад во Грција.

Слични содржини