Грчките земјоделци ќе го затворат преминот Богородица за возилата од 12 до 14 и од 19 до 23 часот. Илјадници земјоделци од 68 блокови низ Грција денеска ќе се сретнат во Атина на голем протест закажан за 18 часот вечерва.

traktor

Од изутринава на пристаништето Пиреја пристигнаа повеќе од 2.000 земјоделци од Крит кои во моментов протестираат пред министерството за земјоделство. Протестот пред министерството беше проследен со мал инцидент меѓу земјоделците и полицијата. Критските земјоделци фрлаа со зеленчук и ја бркаа полицијата.

Кон протестот се приклучија и вработени во министерството кои ќе штрајкуваат до крај на работното време.

 

META

Слични содржини