Грчката Влада ги продолжува преговорите со кредиторите

од Vladimir Zorba

 

Преговарачкиот тим на грчката Влада денеска ќе почне преговори со шефовите на мисијата на кредиторите на Грција, а дискусиите ќе се фокусираат на енергетиката и на новиот фонд за приватизација.

Состаноците ќе се одржат доцна попладне.

Извори од Европската унија изразија оптимизам дека овој круг преговори ќе заврши до крајот на оваа недела со постигнување договор на ниво на техничките тимови, јавија некои грчки медиуми.

Ако не се постигне договор, Владата ќе подготви пакет предлог-закони што се очекува да биде одобрен од страна на Парламентот до 15 мај, со цел Еврогрупата на 20 да го финализира договорот, барем на европската страна, додека Меѓународниот монетарен фонд ја разгледува својата позиција

Слични содржини