Алексис Ципрас ќе плати висока политичка цена за предлогот. Така проф. Јоргос Плиос од Атинскиот универзитет ја коментира кризната ситуација во татковината по референдумот, одржан на 5 јули. Професорот смета дека во земјата претстојат социјални протести, особено откако ќе започнат да се реализираат предложените мерки.Проф. Плиос додаде дека за ултиматумот кој доверителите го дадоа на грчката влада во вторникот, владата немаше друг излез освен да го прифати предлогот на Ципрас.

ципрас а

Според него, сепак е “изненадувачки”, што Атина сега прифаќа речиси сите мерки, отфрлени и на референдумот.

“Не знаеме каков ќе биде одговорот на Еврогрупата. Замислете да биде негативен! Јас мислам дека ќе биде позитивен и со забелешка да има повеќе реформи и тие да се остварат што е можно побрзо”, смета Плиос.

Според економистот недостасува сериозен разговор за вистинските причини за влошување на грчката економија – светската криза од 2008 година, во комбинација со структурните проблеми на економијата на земјата.

“Не може да се реши проблемот во Грција, ако не видиме како се решава на целиот континент. А на ова прашање нема одговор. Затоа Германија, пред сè, а и други сили кои мислат како германските елити, има тенденција да прифати едно “економско бомбардирање” на земји кои не ги примаат строгите закони на пазарната економија, отколку да направат чекори кои не им го даваат првото место во светската конкуренција на светските пазари “, вели Плиос.

“Една од опасностите во оваа ситуација е да не се засилат позициите на ултрадесничарската партија” Златна зора “. Дефинирана како неонацистичка формација, која е против меморандумот и меморандумската политика, може да привлече уште гласачи и да премине навистина во една голема политичка сила “, ги посочува едни од непријатните сценарија грчкиот професор.

Слични содржини