gjupce

Грците гласаат за иднината на својата земја. Ова го изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, откако гласаше на референдумот за прифаќање или одбивање на условите на кредиторите, соопшти ТАСС.

“Денес е ден на граѓанинот, и само тој директно ќе донесе решение со отчитување на националните интереси и грижата за иднината на земјата и народот”, истакна претседателот. Тој дели верување дека без оглед на исходот од референдумот, Грците се должни да покажатнационалното единство. “Затоа ние одиме напред заедно”, додаде Павлопулос.

Премиерот Алексис Ципрас, кој гласаше заедно со претседателот, изјави дека “никој не може да ја игнорира волјата на народот”. Според неговите зборови “денес е празничен ден, бидејќи демократијата – тоа е празник, тоа е радост”. “Кога ги демократијата победува стравот и уцена, тогаш тоа е и спасение, и излез”, рече уште Ципрас.

Слични содржини