Грчкиот претседател ја дефинира блокадата за Македонија за следниот самит на НАТО

од Vladimir Zorba

  

Промена на Уставот и изнаоѓање име кое нема да има трага од иредентизам во однос на границите, националноста и јазикот, се предусловите, според грчкиот претседател, за Македонија да се интегрира во НАТО и Европската унија, тоа е позицијата на грчкиот претседател која ја промовираше денеска.

 

Прокопис Павлопулос ,  денека на почетокот од средбата со претседателот на Ирска, говореше за грчките национални прашања, за Кипар, Турција и Македонија.

 

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, грчкиот претседател, повторно рече дека актуелното име на нашата земја, „зрачи иредентизам, брутално ја фалсификува историјата, има иредентистички корени и затоа го прекршува европското законодавство“.

-Постои еден начин за да оди напред поранешната југословенска Република Македонија кон НАТО и Европската унија. Прво, претходно да го промени уставот. Второ, кое име и да го избере, да нема трага од иредентизам. Дали во однос на границите, дали во однос на националноста, дали во однос на јазикот. – рече Павлопулос на средбата со Мајкл Хигинс.

Грчкиот претседател, на неговиот ирски колега му објасни дека Македонија прво „треба да се усогласи со меѓународното право, европското законодавство и историјата“, а потоа ќе добие поддршка од Грција за евро- атлантска интеграција.

-Драго ми е што Жан Клод Јункер пред неколку дена, истакна нешто што е јасно за секоја држава што е кандидат за членка во Европската унија. Дека прво ги решаваш проблемите, а потоа влегуваш во Европската унија. Не може ЕУ да стане театар за решавање на разликите, особено за разлики кои што се во фантазијата на некои. – додаде грчкиот претседател, пренесува МИА.

 

Слични содржини