Грција нема намера да излегува од Еврозоната, увери грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

“Не планираме да излегуваме од Еврозоната и дури и ги  сметаме сличните приказни за штетни”, изјави Варуфакис на прес-конференција по завршувањето на вчерашната седница на Еврогрупата.

јанис

“Не е точно дека сум тврдел такво нешто во интервју за” Кориере де ла сера “. Минатата недела ми го поставија тоа прашање во Венеција. Зборував 40 минути на оваа тема. Реков дека не планираме референдум во Грција за излез од Еврозоната “.

“Интервјуерот ме праша:” Што ќе се случи ако Еврогрупата не прифати ниту едно од вашите предлози? “На што одговорив:” Ако тоа се случи, ќе се одржат или нови избори или референдум “. А потоа весникот напиша дека финансискиот министер на Грција планира референдум за излез на земјата од еврозоната “.

“Зборовите ми беа само беа неправилно протолкувани, поради  каква причина – не знам. Инаку сум задоволен од завршувањето на седницата  на Еврогрупата, со што се отвора патот за реализацијата на одлуките од 20 февруари и постигнување на привремено спогодба меѓу ЕУ и Грција, а потоа, конечна завршно во јуни  “.

“Обезбедуваме за  нашата влада листа од 7 реформи кои треба да бидат спроведени,  и не е конечна”, истакна Варуфакис кој ја коментира и изјавата на претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум дека Грција не треба да губи време. “Не губиме време. Работиме, планираме, вложуваме во основите работи и во тек   се неопходните процедури”.

Слични содржини