Експертите на Европската комисија ја потврдија „критичната состојба“ на грчката каса во која има доволно пари за да се исплатат платите и пензиите до 8 април, објави денеска германскиот весник „Франкфуртер алгемајне сонтагсцајтунг“.

grckaEvra-zname

Ако Атина до тој датум не успее да понуди план за одржливи реформи, Комисијата претпоставува дека владата на Алексис Ципрас ќе мора да посегне по фондовите за социјално осигурување и сметките на претпријатијата кои се во државна сопственост со цел да продолжи да исплаќа палти.

Премиерот Ципрас во петокот се обиде да ги убеди кредиторите и европски партнери дека „следните денови“ ќе достави проширени предлог-реформи во надеж дека тие ќе ја отклучат последната транша од помошта во висина од 7,2 милијарди евра.

Весникот наведува дека стравот од потенцијално катастрофални последици за Грција е „опипливи“. Ако не се постигне договор до 8-ми април, кризата ќе има негативно влијание врз еврото, а Грците ги очекува егзистенцијалeн кошмар.

Извор: Мета

Слични содржини