Грција се согласи да разговара со своите кредитори за  технички прашања во врска со спасувачкиот план за земјата, соопштија светските агенции. Грчкиот премиер Алексис Ципрас се согласи со претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум и претставници на грчката влада да се сретнат денеска со претставници на Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

ципрас а

Дејселблум и грчката влада изјавија дека е постигнат договор “да се побара од институциите да се одржат консултации со грчките власти за започнување на работа за техничка оценка на допирните точки меѓу сегашната кредитна програма и плановите на грчката влада “. Според Дејселблум тоа ќе го подготви теренот за разговори меѓу министрите за финансии од еврозоната во понеделникот. Ципрас, кој учествуваше во првата средба на врвот на Европската унија, изрази надеж дека на седница на министрите за финансии од еврозоната следната недела може да биде постигнат “взаемно прифатлив “договор за долгот на Грција.Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави по самитот на ЕУ во Брисел, дека грчката влада е слободна да го прилагодува својот буџет, но мора да балансира какви и да е нови трошоци со кратенки од слична големина

Слични содржини