Повеќе од три часа трае тркалезната маса по проблемите на Грција. Има одреден напредок, соопшти извор на ДПА. Ова ќе им овозможи на Атина да добие брз пристап до нејзините потребни  средства.

Грција се согласила да им даде на доверителите нова листа со реформи, за да си обезбеди спасувачки фондови, објавија властите по разговорите помеѓу премиерот Алексис Ципрас и европските лидери.

Врз основа на клучен договор минатиот месец,  продолжува спасувачкиот пакет на ЕУ и ММФ за Атина,  а грчките власти ќе треба да обезбедат целосен список на конкретните чекори за реформите во наредните денови.

Во кусото соопштение на европските институции, објавено денеска  во раните утрински часови , се вели дека Грција ќе ја претстави новата  листа на доверителите. Грција “ќе управува со реформите”, а обврските пред еврогрупата од  20 февруари се потврдени со условот “да се утврдат што е можно побрзо”, се додава во изјавата објавена по повеќе од тричасовниот седница посветена на грчката тема.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас посочи дека по преговорите му се зголемил оптимизомот и вети дека Грција ќе ги претстави и спроведе неопходните реформи.

– Мислам дека сите страни ја потврдија намерата да се обидат да го направат најдобро можното за надминување на потешкотииите на грчката економија, колку што е можно побрзо, рече Ципрас.

Синоќешната средба беше договорена по барање на Атина откако техничките тимови на Грција и нејзините доверители во последните неколку дена немаа напредок во договарањето на реформите со кои ќе се одблокира барем дел од 7,2 милијарди евра, колку што преостанаа од кредитот за спас кои на владата и се неопходни за да не се доведе во ситуација да нема воопшто пари.

Грција и нејзините европски партнери “повторно  ја поставија  постапката”, за да обезбедат спасувањето на земјата, увери грчкиот премиер Алексис Ципрас во ноќта наспроти петок, цитиран од АФП.

“Јасно е дека Грција нема да преземе рецесивно мерки”, додаде тој, по три и пол часовни разговори со германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателите на Европските институции.

Слични содржини